За Зумба
За Зумба
_____
Зумба програмата е латински-инспирирана, танцувачко-фитнес програма која вклучува латински и меѓународни музички танцувачки движења, создавајќи динамичен, возбудлив, стимулирачки и ефективен фитнес систем.
Постојат 4 основни музички ритмови: салса, регетон, кумбиа и меренге.
Комбинира брз и спор ритам кој го тонира и обликува телото преку аеробик/фитнес пристап со цел да се постигне единствен мешан баланс од придобивките од кардио тренингот и тонирање на мускулите.
Зумба програмата може да ја совлада секој, бидејќи е лесна за следење и не е потребно претходно танцувачко искуство.
Страшниот и експлозивен Латино и мегународен музички ритам на ЗУМБА програмата ги мотивира учесниците за време на часовите, што ги тера да доаѓаат повторно и повторно!
Оваа програмата е најефективниот, иновативен и мотивирачки начин на вежбање создаден за секого, 70% од музиката во комбинација со лесните движења и позитивниот пристап ја прави ЗУМБА програмата успешна.
Таа е експлозивна – чуството е толку добро, што луѓето сакаат да доаѓаат секој ден.
Таа е различна – музиката, чекорите, движењата, часовите, енергијата…едноставно се чуствуваш како дел од забавата.
Таа е лесна – формулат е на основните чекори на програмата ја прави лесна за секого, може да се вклучат луже од различно ниво на фитнес и различна возраст.
ЗУМБА е ефективна – кардио- базираните танцувачки движења се чекори кои е лесно да се следат, а вклучуваат обликување на телото, што ги таргетира зоните како што се задникот, нозете, рамената, јадрото на телото, стомачните мускули и најважниот мускул во телото – срцето.
ЗУМБА програмата всушност е одлична за мислите, телото и духот, генерално главните придобивки вклучуваат:
– ТОНИРАЊЕ НА МУСКУЛИТЕ
– ПОМАГАЊЕ ВО КОНТРОЛА НА КРВНИОТ ПРИТИСОК
– НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЛЕСНИ МАСТИ
– ПОДОБРУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИОТ ИЗГЛЕД
– ПОДОБРУВАЊЕ НА БАЛАНСОТ И СТАВОТ
– ЗГОЛЕМЕНО НИВО НА КИСЛОРОД ВО КРВТА
– ЗГОЛЕМЕНА ФЛКСИБИЛНОСТ И РАСПОН НА ДВИЖЕЊА
– ПОДОБРЕНА ПСИХОЛОШКА СОСТОЈБА И НАМАЛЕНО НИВО НА СТРЕС
Часовите на зумба вообичаено траат до 1 час и се одржувани од лиценцирани инструктори, на еден час може да се согорат од 600 – 1000кал во зависност од вложената енергија.
Креатор и ко-основач на ЗУМБА фитнес програмата, креативниот гениј, човекот кој воодушеви милион луѓе со промените во нивните тела, дух и стилови на живеење е Алберто Бето Перез роден во Кали, во јужниот дел од Колумбија, Јужна Америка.
Тој како младо момче и тинејџер преку своите танцувачки вештини по клубовите, и правејќи кореографии за локалните уметници егзистирал, за подоцна да добие стипендија во Бразилската танцувачка академија.
По дипломирањето на истата академија тој станува инструктор со специјализација за латино танци.
Подоцна Бето пројавува интерес за физичкиот фитнес и станува сертифициран персонален тренер и групен инструктор за вежби.
Тој бил популарен во Кали, посебно после неговиот непланиран ЗУМБА час, кога по доаѓањето на неговите часови тој сфатил дека ја заборавил традиционалната аеробик музика дома, па ги искористил неговите касети што ги имал во ранецот со латинска музика и импровизирал само да го одржи часот.
После овој час тој бил многу популарен во Кали, што музичката звезда Шакира го ангажира како кореограф на нејзиниот албум “Pies Descalzos”.
Наоружан со својата харизма и незапирлива воља во 2000 година тој се преселил во Мајами, со цел да си го оствари американскиот сон.
Бето со неговиот иновативен стил го привлекол вниманието на двајца претприемачи, Алберто Перлман и Алберто Агион, и тројцата заедно во 2001 година ја создаваат ЗУМБА фитнес глобалната компанија базирана на фитнес филозофијата на Бето.
Така Бето го реализира својот животен сон да им помогне на луѓето да изгледаат и да се чувствуваат одлично, да бидат во форма и да нивните грижи и негативна енергија ја исфрлаат преку танцувањето.
Бето Перез сега работи како креативен директор во ЗУМБА едукативниот специјализиран факултет.
Овој светски фитнес феномен се шири многу брзо, така што во 2007 година ЗУМБА програмата била достапна во 30 земји и имала околу 10 000 инструктори.
До 2019 година Зумба има над 100 000 лиценцирани инструктори низ целиот свет.
Секој инструктор кој има завршено авторизиран тренинг курс за Зумба инструктор, чиј сертификат е со моментална важност и има дозвола да:
– Им даде име ЗУМБА на своите часови
– Да се нарекува себеси како ЗУМБА инструктор
– Да го користи зборот ЗУМБА како текст во распоредите на часовите
– Да го користи логото и името ЗУМБА за маркетинг придобивки
– Поголеми се придобивките доколку инструкторот е член на ZIN заедницата, во тој случај тие инструктори може да се најдат на веб страната www.zumba.com
Популарноста на ЗУМБА програмата расте и се засилува преку меѓународните, националните и интернационалните презентации и конвенции.
Постојат неколку типови на Зумба програми, за различни нивоа на возраст и отпор:
ZUMBA GOLD – е програма наменета за почетници и постари активни луѓе, каде чекорите се лесни и со помал интензитет.
ZUMBA STEP – е тренинг за тонирање и зацврстување на долниот дел од телото и го зголемува согорувањето на калории.
ZUMBA TONING – е програма за луѓе кои тренинзите ги работат со специјални зумба стикови (тегчиња). Програма наменета за стомачните, бутовите, рацете и други мускулни групи на целото тело.. Овој тип на тренинг е кардио и тренинг за сила.
AQUA ZUMBA – е програма каде тренинзите се одржуваат во вода. Оваа програма има помалку влијание на зглобовите, водата создава природен отпор и помага при тонирање на мускулите.
ZUMBA SENTAO – е програма комбинирана за сила и тренинг за отпор користејќи стол додека се танцува.
ZUMBA GOLD –TONING – е наменета за активни постари возрасни луѓе кои сакаат тренинг со мала тежина и тонирање на мускулите на целото тело. Тренинг за сила со низок и умерен интензитет кои се неопходни да се спречи намалување на мускулната маса.
ZUMBA KIDS – е совршена програма за помладите фанови на Зумба, за деца од 7-11 години кои преку игри и активности се вклучуваат и развиваат клучни елементи за развој на детството.
ZUMBA KIDS jr. – е програма за деца на возраст од 4-6 години. Часовите се забавни исполнети со детски рутини. Помага да се развие здрав начин на живот.
ZUMBINI – ова забавна програма е создадена за деца до 4 години, комбинира танц, музика и едукативни алатки на час од 45 минути.
ZUMBA IN THE CIRCUIT – програма на кружен тренинг е ритам на танц со висок октан кои содржат вежби за јачина на различни станици во временски интрвали.
STRONG BY ZUMBA – програма која беше лансирана 2016 година, оваа програма е комбиниран тренинг со висок интензитет во интервал со синхронизирана музичка мотивација. Оваа програма во 2020 добива нов назив и сега е позната под името STRONG NATION.
Зумба Карактеристики
_____________
Tренингот на целото тело
Дизајниран како комбинација на салса и аеробик, нема правилен или погрешен начин да се игра Зумба. Сè додека се движите во ритамот на музиката, вие учествувате во вежбата.
Согорува калории
(и маснотии!)
Мала студија од 2012 година откри дека стандардниот, 39-минутен час на Зумба согорува просечно 9,5 калории во минута. Ова додава вкупно 369 калории во текот на часот.
Подобрете ја кардиоваскуларната кондиција
Зумба се состои од наизменични сегменти со висок и понизок интензитет каде учесниците вршат кардиоваскуларни придобивки.
Подобрен крвен притисок
Зумба е одлична за срцето и секој што има висок крвен притисок, висок холестерол или дијабетес. Тоа не е само кардио тренинг, бидејќи вклучува и вајање и тонирање на телото.
Социјално е
Бидејќи Зумба е групна активност, во суштина ќе бидете добредојдени во социјална ситуација кога и да стапнете на час.
○ изложеност на социјална и забавна средина
○ фактор на отчетност
○
безбеден и ефикасно дизајниран тренинг што можете да го следите заедно
Подобрете го квалитетот на животот
Ефективната програма Зумба обезбедува не само здравствени придобивки, туку и социјални придобивки од групно вежбање. Луѓето можат да уживаат во подобрен квалитет на живот со овие комбинирани поволности.